Слатки не треба да се јадат повеќе од 1-2 пати неделно
Слатки треба да се јадат не повеќе од еднаш-двапати во неделата и децата не треба да се охрабруваат со тоа, смета Антонина Стародубова, главен нутриционист во Министерството за здравство во Москва.
– Правилото е исто за секого – помалку значи подобро. Според препораките на СЗО, сега не се препорачува да се консумира повеќе од 50 грама додаден шеќер на ден. Во истовреме, многу стручњаци сега веруваат дека не треба да јадете повеќе од 25 грама шеќер на ден. За споредба, во просечна палачинка има 30 грама шеќер. За да се придржувате до препораките, мора строго да ја контролирате количината на шеќер и слатки во исхраната и да го ограничите благото и газираните пијалаци!, нагласува д-р Стародубова.
Напорите, првенствено од страна на родителите, воспитувачите и лекарите, како што вели Русинката, треба да бидат насочени кон тоа – децата да не ги злоупотребуваат слатките и да избираат поздрави намирници.
– Многу е важно слатките и храната да не бидат поттик за децата. Не може да постапувате според правилото „одличен/-на си, еве ти бонбонче“ или – „денеска си лош/-а, нема благо“… Слатките се „празнично јадење“ – може да ги консумирате еднаш до двапати седмично, на пр. во сабота или недела, но не како награда или казна!, вели Стародубова.
Лекарката советува да се изберат алтернативи за слатките, како овошје, или пак, десерти со помалку шеќер, како што се желето или џемот. Во овој случај, мора да се обрне внимание на хемискиот состав на производот, т.е. содржината на шеќер и прости јаглехидрати во него.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд