-->
-->
Слаба игра, заслужен пораз од Либан
-->
Македонската фудбалска репрезентација од крајност во крајност. По триумфот над Црна Гора наместо да нареди уште една победа против просечната селекција на Либан сосема разочара и заслужено беше поразена со 1-0.
Иако сосема различен противник од Црна Гора сепак селекторот Ангеловски одлучи за започне со истиот состав и иста тактика што резултираше со неинвентивна игра и целосна безопасност на нашиот тим кон противничкиот гол. Едноставно бројката на напаѓачи го намали ефектот на средниот ред што противникот мудро го користеше и лесно ги блокира сите приоди кон нашиот гол исфрлајќи не длабоко на средината од теренот.
Либан поведе на стартот од вториот дел по една лоша проценка на голманот Димитриевски што беше казнето од Омарида.
Следуваа обиди на нашиот тим да се израмни резултатот но бевме повторно некреативни, безопасни па можноста за гол ја баравме од корнери и нафрлувања од прекин од сите позици. Во таква ситуација најдобро се снаоѓаа високите халфови Шиков и Мојсов но погодок немаше. Затоа се поставува прашањето зошто немаме во тимот корпулентен напаѓач кој би ги користел ваквите нафрлувања.
Шанса во 84-тата минута имаше и младинскиот репрезентативец Виктор Ангелов а сите дилеми можеше да ги реши Фајез на спротивната страна кога промаши колосална шанса.
Веднаш потоа можеше да казни Шиков но премногу искомплицира.
На крајот заслужен пораз кој сигурно ќе не отрезни и бара да се направи добра анализа на потенцијалот на одредени репрезентативци но и на системот на игра.
Поразот не е трагедија бидејќи и од ваков противник може нешто да се научи. Фудбалерите на Либан секогаш играа во широчина и кон противничкиот гол и не вратија ниту една топка кон својот голман за разлика од нашата игра која начесто се движеше кон халфовите и голманот Димитриевски.
ФОТО: Димитар Петковски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
УЈП: Да се поднесат барања за обнова на кодовите за идентификација за потпишување на МПИН пресметките
-
Јандроковиќ: Сочувство од Сабор и народот на Хрватска за трагедијата во Кочани
-
Кривична против тројца штипјани, во зграда нападнале лице при што употребиле електрошок
-
ОЈО Куманово ги чека извештаите од извршените контроли за случајот со починатиот кумановец
-
Ограбена менувачница во Скопје за 10 илјади евра
-
Кај тројца од жртвите во пожарот во Кочани имало и изгореници од четврти степен, а кај четворица скршеници на ребра и задушување од притисок при стампедо
-
На патот Неготино-Градско во возило „рено клио“ пронајдени пет мигранти од Египет
-
Тошковски: Не можам да се сложам дека актуелни носители на функции не се дел од истрагата за пожарот во Кочани