Скопски Водовод потврди: Сметките за вода ќе бидат повисоки
Уште еден удар врз џебот на граѓаните. Сметките за вода во Скопје сепак ќе се зголемат.
Денеска Водовод соопшти дека во нарендиот период кубик вода ќе чини 30,70 денари наместо досегашните 29,39 денари.
Од водоводот одлуката за поскапувањето ја правдаат со трошоците за одржување на две пречистителни станици кои преминуваат во надлежност на Град Скопје.
На новата цена треба да се додаде ДДВ од 5% плус надоместокот за користење вода кој изнесува од 1 до 2%.
Новата повисока цена на водата ќе важи до крајот на оваа година. За 2019 и 2020 планирани се нови зголемувања на цената.
Одлуката на водовод треба да ја потврдат советници на град Скопје. Седницата на која ќе се најде оваа точка на дневен ред е закажана за 31 јануари, среда.
Инаку, пред три години советничката група на СДСМ за актуелната цена на водата тврдеше дека е висока и бараше намалување од 30%.
Сега новиот менаџмент во Водово тврди дека скопјани имаат најевтина вода во државава.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија