Скопски таксист сакал да измамни Американец - еве што направил
На 30.03.2018 година во 19,10 часот во Полициската станица -Центар , Р.Р. (32) од Северна Каролина-САД, со привремено престојувалиште во Скопје, пријавил дека истиот ден околу 16.45 часот од плоштадот “Скендербег“ се качил во патничко возило со такси ознаки и му кажал на возачот да го однесе до хотел во Скопје. Откако пристигнале пред хотелот, таксистот му побарал да плати 400 денари, а на таксиметарот стоела сума од 110 денари. Р.Р. рекол дека тука живее и знае колку чини такси превоз, по што таксистот започнал на англиски јазик да го навредува и го стартувал возилото со полна брзина, не дозволувајќи му да излезе од возилото, кажувајќи му дека сега тој е главен и тој ја контролира ситуацијата. Поради густиот сообраќај во близина на продавница за бела техника таксистот подзастанал,при што Р.Р. ја искористил ситацијата ја отворил вратата и скокнал од возилото.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците