Македонија
26. July 2023 - 8:58

Скопје: Санкционирани 227 возачи, од кои 49 возачи на мотоцикл

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 227 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 49 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за нерегистрирани возила...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.