Македонија
13. December 2019 - 8:36

Скопје повторно се гуши - во овие три населби утрово екстремно загадено

Воздухот и ова утро е загаден во Скопје и Македонија, а рекордер меѓу населбите овој пат е Ректорат.

Најголема загаденоста ова утро во Скопје кај Ректорат изнесува 90 µg/m3.

По Ректорат исто загаден е и Центар со измерени 89 µg/m3.

Утрово е загадено и во Карпош.

Во другите градови освен Скопје, ова утро најзагадено е во Тетово со 80 µg/m3, па Струмица со 69µg/m3 и Ѓорче Петров со 66µg/m3.