Македонија
2. February 2024 - 10:20

Скопје петти најзагаден град во светот

Скопје утринава повторно се најде на врвот на листата на најзагадените градови во светот, според платформата „IQAir“, која го следи аерозагадувањето во реално време.

Со индекс на квалитетот на воздух од 166, аерозагадувањето во Скопје во моментов е штетно по здравјето. На врвот на листата утринава се најде главниот град на БиХ, Сараево со индекс на квалитет на воздухот од 215.