Скопје меѓу најстудените градови утрово - Македонија мрзне
Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево и релативно топло со мала локална облачност како и со слаб југоисточен ветер, повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините. Претпладне по одделни котлини ќе биде магливо и постудено. Максималната температура ќе се движи од 11 до 17 степени.
Утрово температурата се движеше од -3 во Берово, -2 Скопје Петровец, -1 Битола, Струмица, Маврово и Тетово, 0 Прилеп, Крива Паланка, Куманово и Демир Капија, 1 Штип, Дебар и Лазарополе, 2 Крушево, Пожаране и Скопје, 3 Претор и Виница, 4 Тополчани, Ѓуриште, Гевгелија и Охрид до 8 степени во Дојран.
Утрово е ведро со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини има појава на магла, особено во скопската и полошката котлина, како и долж Повардарието, каде има магла со намалена хоризонтална видливост. На повисоките места дува слаб ветер од југоисточен правец.
Во Скопје претпладне ќе биде магливо, а во текот на денот сончево и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.
Ново на Сител
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија
-
Младите сакаат брза заработка, не се заинтересирани за пракса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино