Македонија
1. April 2016 - 13:33

Скопјанка возејќи велосипед станала жртва на разбојништво и обид за силување

Вчера во 14.10 часот во ПС „Ѓорче Петров“, Л.Т. (32) од Скопје пријавила дека околу 13.20 часот непознато лице извршило разбојништво врз неа.

Додека  таа се движела со велосипед по патот кон с.Радуша била пресретната од непознатото лице, кој ја турнал на земја и почнал да ја удира со тупаници во пределот на главата.

Сторителот се обидел да ја соблече, но откако не успеал во тоа и одземал мобилен телефон и побегнал. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.