Македонија
30. December 2021 - 9:18

Скопјанка се самоубила фрлајќи се од зграда во Чаир

Скопјанка извршила самоубиство, фрлајќи се од зграда во Чаир, пренесува порталот 24 Инфо.

Од МВР потврдија дека е пријавен случајот, но согласно договорот со Здружението на новинари на Македонија не даваат информации.

Трагедијата се случила вчера околу 17.30 часот на улицата Лазо Трповски кај “Маркет Принц”.

Како што изјавија очевидци, жената се фрлила од  5 -ти кат и паднала врз автомобил “голф”.