Македонија
1. December 2021 - 17:17

Скопјанка пријавила дека дечко и ја тепал и ѝ се заканувал

Дваесет и осумгодишник физички ја нападнал својата девојка и  ѝ се заканувал.

Случајот во полицијата го пријавила девојката.

„На 30.11.2021 во 23.30 часот во СВР Скопје 23-годишна жителка на Скопје пријавила дека на 25.11.2021 и на 30.11.2021 околу 16.30 часот во с.Волково, скопско, по претходна расправија, била физички нападната од Ф.Ј.(28), со кого била во љубовна врска и ѝ биле упатени закани“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.