-->
-->
„Скопјаните“ пристигнаа на Кипар
-->
Фудбалерите на Вардар пристигнаа на Кипар каде во вторник во Никозија (19ч) го играат првиот дуел од второто квалификациско коло за ЛШ.
Црвено - црните одржаа и тренинг и беа следени од бројните кипарски медиуми. Во дел од нив се пренесува дека дури 4-ца играчи од составот на Вардар играле во кипарски екипи , Грнчаров (АПОЕЛ), Глигоров (Алки), Гроздановски (Омонија) и Ивановски (Ахнас). Кипарските медиуми го цитираат и тренерот Сергеј Андреев кој признал дека екипата не е 100 % подготвена бидејќи имале само 4 недели за подготовка. Вардар посакува добар резултат за полн стадион во реваншот во Скопје- ги пренесуваат изјавите на Вардарци. Денеска Вардар ќе тренира на главниот стадион во 20ч по локално време, а претходно во 19.30ч ќе одржи прес конференција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија
-
Приведени рибокрадци во Охрид
-
ЈО: Скопјанец под дејство на дрога усмртил жена со возило и побегнал
-
Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари
-
Пораснаа доларот и биткоинот
-
Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција
-
Касами: Не гледам потреба од вонредни парламентарни избори
-
Уапсено уште едно лице поради нередите на протестот во Нови Сад