Скопјанец за заканувал пратеници преку „Фејсбук“
Скопјанец, преку споделена објава на Фејсбук, се заканувал на пратеници во македонското Собрание загрозувајќи им ја сигурноста.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство- Скопје презеле мерки и активности поради споделената објава од страна на Б.Б. (49) од Скопје, со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија и поради ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на РМ.
По наредба на Основното јавно обвинителство- Скопје Б.Б. вчера е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети за цел прибирање докази. По документирање на случајот, против Б.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.
МВР истакнува дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на вакви случаи. Ги повикува сите граѓани кои се изложени на такви закани или сведочат на такво нешто, да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk., се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Наутро студено со магла во некои котлини, во текот на денот сончево со мала облачност
-
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна
-
Новиот тим македонски историчари утре на прва средба со тимот од Бугарија
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица