Македонија
23. August 2020 - 14:36

Скопјанец пронајден мртов во својот дом

Вчера околу 21 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на  ул.„Браќа Чакреви“ во Скопје бил пронајден починат В.Ч.(51), информираат од МВР.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.