Скопјанец осомничен дека е дел од мрежата на ИД екстрадиран од Косово
Косовската полиција го екстрадираше 40-годишниот скопјанец Б.Б., кој беше баран од македонската полиција во акцијата „Ќелија“, соопшти МВР. Тој е осомничен дека учествувал во групата вршејќи разни активности како индоктринација, логистика и помагање при испраќањето македонски државјани да се борат на страната на ИСИС.
Секторот за меѓународна полициска соработка, односно Одделението НЦБ Интерпол Скопје при МВР на Република Македонија, вчера било информирано од страна на косовската полиција дека во Косово е приведено лице кое се бараше по меѓународна потерница поради сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“.
- Веднаш по добиеното известување стапено е во контакт со косовската полиција и по размената на информации потврдено е дека станува збор за лицето Б.Б. (40) од Скопје кој се бараше со меѓународна потерница во врска со оперативната акција „Ќелија“ по којашто тој беше опфатен со кривичната пријава поднесена во август годинава против 36 лица од Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга поради што од надлежниот суд во отсуство му беше изречена мерка притвор, се наведува во соопштението од МВР.
Б.Б. се товари дека учествувал во групата вршејќи разни акивности како индоктринација, логистика и помагање при испраќањето македонски државјани да се борат на страната на ИСИС. Б.Б. и претходно и е познат на полицијата и во неколку наврати е кривично пријавуван.
Како што МВР претходно информираше, оперативната акција „Ќелија“ беше реализирана на почетокот на август годинава како резултат на повеќемесечна координирана истрага во која беа собрани докази за лица кои учествувале во паравоени формации, во собирање финасиски и други логистички средства за потребите на паравоени формации, како за врбување и поттикнување лица да се приклучат во паравоени формации. - Беа собрани и докази за криење лица кои веќе учествувале во паравоени формации надвор од територијата на Македонија или пак оствариле обид за тоа. Во рамки на акцијата беа извршени 28 претреси во Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга, беше запленета поголема количина технички средства (копјутери, лаптопи, таблети, мобилни телефони), се додава во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата