Скопјанец одгледувал марихуана во село Долно Мелничани
Дебарското одделение за внатрешни работи, кое со својата активност ја покрива општина Центар Жупа, поднесе кривична пријава против скопјанец, кој во куќа сопственост на неговата мајка, во село Долно Мелничани, општина Центар Жупа, одгледувал марихуана.
– Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори“ ОВР Дебар поднесе кривична пријава против О.З.(45) од Скопје. При претрес извршен на четврти овој месец, во куќа, сопственост на неговата мајка, во селото Долно Мелничани, општина Центар Жупа, полициските службеници пронајдоа насади со 24 стебла од растението канабис, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Додаде дека полициските службеници пронашле и пет стебла насадени во пластични саксии, кои пријавениот ги одгледувал и со чија обработка, може да се добијат производи кои се користат како опјна дрога-марихуана и хашиш.
Според Димоски, на О.З. одредена му е мерка притвор до 30 дена.
Во однос на сообраќајот, тој рече дека вчера од 10 до 15 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници регистрирале и санкционирале двајца пешаци поради небезбедно преминување улица односно преминување коловоз надвор од пешачки премин.
Ново на Сител
-
Во Битола пронајдени 1408 пушки од балканските војни
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 631 заразени
-
Бостон прв финалист во НБА плејофот
-
Денеска ќе се одржи Конститутивна седница на парламентарниот состав 2024-2028
-
135 сообраќајни санкции во Скопје
-
Повеќе од 20 лица загинаа во големите бури во САД – 300 илјади луѓе останаа без струја
-
Министрите за одбрана на ЕУ ќе разговараат за помошта за Украина и одбранбената индустрија