Скопјанец обвинет за недозволено поседување оружје
Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт против лице од Скопје на возраст од 27 години за неовластено држење на огнено оружје-пиштол. Јавен обвинител побара и продложување на мерката притвор за обвинетото лице.
Основното јавно обвинителство Велес информира дека до Основен суд Велес поднело Обвинителен акт против лице од Скопје на возраст од 27 години за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 1 од Кривичниот законик.
Имено, на 19 мај, во сопствениот патнички автомобил марка „Фолксваген голф 5“, обвинетиот држел огнено оружје – пиштол марка Берета со калибар 7,65 мм за кој немал дозвола за поседување. Пиштолот го сместил под воланот, во механизмот за нагодување на висината на воланот. Оружјето било откриено на наплатната станица Отовица, на автопатот Велес – Скопје, при преглед на возилото.
Истовремено, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице, бидејќи постои опасност од бегство и околности кои укажуваат на опасноста дека повторно ќе го изврши истото кривично дело.
Ново на Сител
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово