Македонија
4. January 2019 - 15:11

Скопјанец нападнал полицаец, 19-годишниот напаѓач лишен од слобода

МВР денеска соопшти дека вчера околу 13,50 часот на улица „Ваташа” во Скопје Н.Ѓ. (19) нападнал полициски службеник, кој постапувал по пријава од граѓани.

Н.Ѓ. е лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.