Македонија
1. November 2020 - 20:01

Скопјанец истепан и ограбен од таксист во чие возило се превезувал

Скопјанец пријавил во полиција дека бил истепан и ограбен од таксист во чие возило се превезувал.

Според информациите на МВР,  вчера околу 20 часот во СВР Скопје С.Т. (50) од Скопје пријавил дека на подрачје на Центар, откако претходно се превезувал како патник во такси возило, бил нападнат со тврд предмет од возачот, кој му украл пари и мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.