Склоноста кон алкохол е знак за интелигенција?
Не грижете се ако пиете многу - тоа е знак дека сте интелигентни.
Ова го докажуваат две студии во САД и Велика Британија. Авторите на студијата велат дека постои поврзаност помеѓу паметните луѓе и склоноста кон алкохолот, што се манифестира дури и во тинејџерските години.
- Испитувачите интелигенција на децата помлади од 16 години ја поделиле во пет категории. Американците нивните испитаници ги посетиле седум години подоцна, а Британците ги следеле во текот на нивните 30-ти и 40-ти. Резултатот се совпадна "повеќето интелигентни деца во двете студии пораснаа во луѓе кои почесто и пијат повеќе од помалку интелигентни деца", вели Лиз Деј од „Дискавери Њуз“.
- Причините за оваа необична врска лежат прво во еволуцијата, забележуваат некои експерти.
- Консумирањето на алкохол до пред 10.000 години беше ненамерно и случајно и нашите предци би можеле неочекувано да го чувствуваат алкохолот и при јадење расипано овошје. Кога е откриена намерната употреба на алкохол, паметните луѓе биле меѓу првите кои почнале да пијат бидејќи тие секогаш повеќе се подготвени за пробување нови нешта и искуства, тврдат експертите.
Исто така, некои научници веруваат дека многу интелигентни млади луѓе пијат, бидејќи на тој начин се обидуваат да се забавуваат и да се релаксираат од обврските и задачите кои ги имале како деца и средношколци, и затоа тие сакаат да направат се’ за да ја надоместат пропуштената забава од периодот на адолесценција.
Ново на Сител
-
Таравари во обид за договор со ВРЕДИ
-
ДУИ: Сиљановска го поткопува мултиетничкиот карактер на државата
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група
-
На Клинички побрзо се заршува кај лекар отколку да се најде слободен паркинг
-
Владата најавува инвестициски циклус од 6 милијарди евра
-
За една деценија државата „загубила“ 28 000 ученици
-
Избори во Германија