Македонија
11. November 2021 - 14:52

Скендер Реџепи: Тој што ќе те предаде еднаш, ќе те предаде повторно

Скендер Реџепи, за кого прво опозицијата стравуваше дека нема да го добие неговиот глас иако имаше негов потпис на иницијативата од 61 пратеник за гласање на недоверба на Владата во Собранието, го осуди како предавнички чинот на Кастриот Реџепи, кој денеска не дојде на седницата и без него опозицискиот блок нема доволно пратеници за да ја турне власта.

Реџепи е од партијата Беса, која во меѓувреме поради несогласување со ДУИ, реши да оди во опозиција, додека Кастриот Реџепи е член на „Алтернатива“, која веќе подолго време делува во опозиција.

- Последната комуникација со него ми беше пред 4 години, кога се раздвоивме од Беса. А тој што ќе те предаде еднаш, ќе те предаде секогаш. До полноќ се надеваме дека ќе направиме нешто во врска со гласањето на недовербата. Ќе чекаме до тогаш, рече Реџепи - Зејди за актот на Кастриот Реџепи.