Свет
4. July 2016 - 16:55

СКАНДАЛ: Приведени осуммина одбојкари поради силување

Финската полиција соопшти денеска дека привела осум играчи од кубанската одбојкарска репрезентација поради наводно силување. Одбојкарите се осомничени за силување жени во финскиот град Тампере во петокот, наведува полицијата.

Кубанските репрезентативци учествуваат на турнирот на Светска лига во одбојка чиј домаќин е Финска.

Полицијата објасни дека за случајот објавиле соопштение поради спекулации дека осомничените играчи побегнале откако не биле во тимот. Меѓу уапсените е и капитенот на репрезентацијата.