Скандал: Новинар ја почна емисијата со лапсус за смртта на Хилари Клинтон
Новинар на њујоршката телевизија Еј-Би-Си-7 направи тежок лапсус кога објави дека кандидатката за претседател на САД од Демократската партија Хилари Клинтон- починала.
- Емисијата ја започнуваме со вонредни вести за смртта на Хилари Клинтон, рече водителот Џо Торес во емисијата, емитувана во неделата, а откако беше објавено дека на поранешната државна секретарка и се слошило.
Потоа тој рече дека докторите кај Хилари Клинтон дијагностицирале воспаление на градниот кош, и потоа со колешката продолжи да разговара за здравствената состојба на кандидатот на демократите.
- Во текот на воведот во приказната за здравјето на Хилари Клинтон емитувана во живот, Џо Торес ненамерно рече „смрт“ наместо „здравје“, информира потпаролот на ТВ станицата.
Според неговите зборови, јасно е од контекстот на приказната, информацијата на новинарот и графиката на екранот дека Кллинтон е жива и дека се опоравува.
Ново на Сител
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит