Живот
13. јуни 2016 - 20:48

Скандал на последното гостување на Јелена на телевизија: Политичар и ја затвори устата

Политичарот Вук Ѓуричиќ се скарал со пејачката Јелена Марјановиќ среде студио и и ја затвори устата, по што емисијата е прекината, а Вук и рекол на Јелена “дека не знае кој е тој„.

Вук Ѓуричиќ, почитичар и учесник во реалното шоу „Малдиви“ ја нападнал пејачката Јелена Марјановиќ при нејзиното последно телевизиско гостување во емисијата на ТВ Хепи. Српски Курир пишува дека Вук на Јелена и ставил рака преку устата по што настанал хаос во студиото. Таа гостувала во емисиајта месец дена пред да биде убиена на насипот Црвенка во Борча.

Потоа во емисијата се емитувани реклами, а Вук на Јелена и рекол дека „не знае кој е тој“.

Инцидентот се случил во емисијата „Запознајте ги паровите“ во која покрај Вук и Јелена, гостувале и учесници од реалното шоу „парови“.

Исечена снимка

-Вук кој седел покрај Јелена, одденаш, среде разговорот и ставил рака на устата на пејачката. Се побуниле и другите учесници во емисијата, а тие двајца постојано се карале. Потоа програмата е прекината, а зад камерата Вук во еден момент и рекол на Јелена: „Ти немаш поим кој сум јас„. Постоеше снимка, која постои и сега, но тој дел е исечен, вели извор за Курир.

Тој објаснува дека станува збор за емисијата во која гостите разговарале со учесниците во реалното шоу.

Вук: Се смиривме

-Вук Ѓуричиќ во еден дел се пофали дека за своите години поминал повеќе отколку било кој учесник во „Парови“. Рече дека никогаш не се фалел, а Јеца во еден момент му рекла: Ете сега тоа го рече. Нивните мислења биле различни и делувало како еден на друг постојано да си упаѓаат во зборувањето. Според нивните зборови, се кулминираше кгоа Ѓуричиќ со рака и ја затвори устата на Јелена.

Вук Ѓуричиќ потврди дека и ја затворил устата на пејачката, но и дека немало кавга.

-Јелена првпат тогаш ја видов, не знаев дека е мажена, ниту дека има дете. Не знам за што зборуваше, а точно е дека и ставив рака преку устата, но повеќе како шега, зошто и таа, претпоставувам во шега, ме прозиваше и ме третираше како „сељак“. Таа нешто зборуваше, и јас за да дојдам до збор и ја покрив устата со рака за да замолчи. Сето тоа е шоубизнис, а јас сакам многу да зборувам и прилично сум опуштен, вели Вук.

Потоа следуваа реклами а таа ме нападна. И се извинив и потоа се смеевме. Се разделивме нормално. Подоцна дознав што и се случило и многу ми е жал поради тоа. Нека и е лесна земјата, вели Ѓуричиќ, поранешен учесник во „малдиви“ и своевремено член на Српската народна партија, но и сопственик на една туристичка агенција.