„Скај Њуз“: Зошто заложниците на ИД се мирни на снимките
Видео снимките од егзекуциите кои ги објавуваат припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД), речиси секогаш предизвикуваат сомнеж во јавноста дали се работи за вистински или наместени сцени, наведува британската телевизија „Скај Њуз“.
Телевизијата додава дека исламистите никогаш не го покажуваат моментот на егзекуција, што доведува до шпекулации дали снимките се автентични или не. Освен тоа, уште еден детаљ привлекува внимание, а тоа е неверојатната смиреност на заложниците кои ја чекаат сопствената смрт.
Поранешен припадник на ИД во интервју за „Скај Њуз“ изјавува дека заложниците на снимките се мирни бидејќи и претходно биле во таква ситуација и никогаш не знаат дека тоа се нивна последни моменти од животот.
Поранешниот припадник на ИД, кок во интервјуто што се претставува како Салех, појаснува дека џихадистите неколку пати пред вистинското погубување на заложниците им приредувале „лажно погубување“ за да ги снимаат, да кажат во камера се што имаат и потоа ги враќаат назад, а некогаш дури им викале дека нема да ги убијат.
- Им велеа да не се грижат и дека ништо нема да им се случи. Им зборуваа дека само снимаме видео во кое бараме од нивните влади да престанат да ја бомбардираат Сирија. Им велеа: „Со тебе немаме никакви проблеми, ти си само гостин на оваа земја“, вели Салех, додавајќи дека џихадистите знаат оти со тек на време секој заложник ќе биде убиен.
Тој тврди дека за да ги уверат оти се „на сигурно“, џихадистите на заложниците им давале арапски имиња и на тој начин ги смирувале. Така, според него, на јапонскиот заложник Кенџи Готу му дале има Абу Саад.
Ново на Сител
-
Јапонец украл амбулантно возило зашто не сакале да го одведат во болница
-
Ракопис на Боб Дилан продаден на наддавање за 508.000 долари
-
Номинираните за овогодишните „Оскари“ ќе бидат објавени денеска
-
Трипуновски: Охридското Езеро ќе биде порибено со милион единки подмладок на ендемичниот вид пастрмка
-
Обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“ добија амнестија
-
Во Украина рации против шверцерите со оружје и муниција
-
Приведен крадец во Гостивар, одземеното вратено на сопственикот
-
Продолжува растот на заболени од грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Кратово