СК Слалом: Победа на Ноел во Венген
Клемен Ноел една година по својата прва победа, повторно триумфираше на престижниот слалом во швајцарскиот ски-центар во Венген, покажувајќи дека со своите 21 година е големата надеж на француското скијање.
Ноел по две возења имаше комбинирани 1:46.43, за да го победи лидерот во генерален пласман (и во слалом), Норвежанецот Хенрик Кристоферсен, додека последното место на подиумот отиде кај Русинот Александер Хорошилов, кој заостана +0.83 секунди. Ова е втора победа за Ноел во јануари, откако на почетокот на годината првпат победи на „Црвени спуст“ на Сљеме покрај Загреб.
Неговиот сонародник, Алексис Пинтуро не го заврши второто возење, за да дозволи Кристоферсен да направи предност во генерален пласман – Норвежанецот има 691 пред Пинтуро (613) и Александер Омод Килде (591). Во слалом, Кристоферсен има 402 поени пред Ноел со 340.
Ново на Сител
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
ДУИ за видеото на Ахмети во униформа на УЧК - Тоа е неговата биографија
-
Тошковски за видеото на Ахмети - Неуспешен обид за дефокусирање од криминалите
-
ВМРО - ДПМНЕ: СДС го создаде Груби и му дозволи да ја краде државата
-
Нови празници - Нови трошоци за граѓаните
-
Лекарите апелираат - Внимателно со исхраната за време на празниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо