СЈО ќе го презентира шестмесечниот извештај
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска на прес-конференција ќе го презентира шестмесечниот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство.
Тоа е втор шестмесечен извештај за работните активности на СЈО што треба да биде доставен до Собранието на Република Македонија и до Советот на јавни обвинители.
Првиот извештај на Специјалното јавно обвинителство до Собранието и Советот на јавни обвинители беше поднесен на 15 март, но Јанева не го образложи извештајот пред пратениците и пред Советот, па седниците беа одлагани неколку пати.
Според Законот за Специјално јавно обвинителство, СЈО е обврзано на секои шест месеци да дава отчет пред Собранието и Советот на јавни обвинители.
- Јавниот обвинител ќе поднесува извештај секои шест месеци за неговите, односно нејзините активности, вклучувајќи и опис за напредок во која било истрага или гонење преземено од јавниот обвинител. Во таквиот извештај може да бидат изоставени материјали што според јавниот обвинител треба да се чуваат како доверливи, но ќе обезбеди соодветни информации за да ги оправда трошоците, е наведено во Законот.
СЈО откако беше формирано за една година отвори пет истраги: „Титаник“, „Тортура“, „Тврдина“, „ТНТ“ и „Транспортер“.
Случајот „Титаник“ се однесува на изборни манипулации во кој први осомничени беа поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, како и поранешниот секретар на Владата.
Истражна постапка позната како „Тортура“ се однесува за апсењето на лидерот на партијата Обединети за Македонија.
Случајот „Тврдина“ е за неовластено прислушување, во кој СЈО товареше двајца началници од одделот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и поранешната министерката за внатрешни работи дека ја искористиле својата положба и спровеле уништување на два система за следење на комуникациите.
Петтиот случај, „ТНТ“, се однесува на уривањето на комплексот Космос.
Специјалното јавно обвинителство за поведените предистражни и истражни постапки досега нема поднесено ниту едно обвинение.
Ново на Сител
-
Таравари го разреши директорот на Кумановската болница
-
Анестезиолог во ВМА: Тешка е здравствена состојба на повредените од Кочани
-
Трошоците за превоз и сместување за семејствата на пациентите повредени во Кочани, кои се лекуваат во странство целосно покриени од Владата
-
По убиството, Палчо запалил цигара и отворил телефон
-
На автопатот Скопје – Велес одземени возила поради истечена регистрација од скоро една година
-
АЦВ за снимањето со дронови при вчерашните собири: Прекршувањето на правилата под изговор „не сме знаеле” е неприфатливо
-
На студентските собири на УКИМ донирани 415.724 денари, УСС ги уплатил на сметката на Црвен крст
-
Во Шведска транспортирани двајца повредени во пожарот во Кочани