-->
-->
Сити со надмоќна игра против Реал обезбеди второ финале
-->
Фудбалерите на Манчестер Сити се пласираа во финалето на Лигата на шампионите со победата против Реал Мадрид на домашен терен со 4:0 (2:0) и за титулата ќе се борат со Интер, кој беше подобар во натпреварот против Милан. .
Во репризата од минатогодишното полуфинале, кога славеше Мадрид, Сити вечерва во реваншот по ремито во Мадрид (1:1) доминираше во двете полувремиња, а поведе со голот на Бернардо Силва во 23. минута.
Најсериозната шанса за израмнување Реал ја имаше во 35. минута кога Тони Крос од дваесетина метри ја погоди гредата.
Само две минути подоцна Бернардо Силва го зголеми водството на Манчестер Сити на 2:0.
Манчестер беше подобар во преостанатиот дел од натпреварот, но голманот Куртоа ги спречи Британците да ја зголемат разликата.
Исходот од играта стана извесен во 76. минута кога по центаршутот на Кевин де Бруин, Едер Милитао си постигна автогол за 3:0, што беше недостижен за Реал и покрај неколкуте шанси во продолжението.
Точка на тешкиот пораз на Реал стави Алварез во 90. минута.
Финалето на Лигата на шампионите ќе се игра во Истанбул на 10 јуни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава
-
Мицкоски задоволен од постигнатиот консензус меѓу Македонија и Бугарија за пругата од Коридорот 8
-
Активни се 4 шумски пожари низ земјава
-
Почина 16-годишен мопедист - Излетал од коловозот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот