Свет
3. January 2019 - 16:58

Сите се молат за малиот Вања: На бебето спасено од под урнатините, состојбата му е подобрена, тој е стабилен и напредува

Состојбата на десетмесечното бебе пронајдено во урнатините на зградата во Магнитогорск, кое е префрлено на лекување во Москва, полека напредува, соопшти руското Министерството за здравство.

Портпаролот на министерството Максим Радецки рече дека лекарите кои ја проценуваат состојбата на десетмесечниот Вања Фокина, кој се наоѓа на одделението за интензивна нега на Институтот за педијатрија и трауматологија, рекле дека малечкиот е во стабилна состојба, со извесно подобрување, пренесува Тасс.

Детето во здравствената установа е примено со смрзнатици и внатрешна повреда на главата, повеќе скршеници на нозете и во состојба на хипотремија.

Бројот на загинати при уривањето на дел од зградата во Магнитогорск, на југот на Урал, порасна на 38.