Македонија
21. May 2021 - 15:26

Сите пријавени граѓани над 65 години до утре ќе бидат вакцинирани, вели Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека сите пријавени граѓани над 65 години до утре ќе бидат вакцинирани.

– Сите пријавени на возраст над 65 години заклучно со 13 мај, ќе бидат вакцинирани до крајот на оваа недела, односно утре. Тоа опфаќа над 47% од граѓаните над 70 години, односно скоро 40% од граѓаните над 65 години. Ние ги спремаме кампањите, очекуваме да пристигнат уште вакцини, мислам дека и понатаму граѓаните ќе покажуваат интерес, како што и сега покажуваат за пријавување, истакна Филипче.

Министерот Филипче напомена дека можно е да има некои технички пропусти.