Сите пратеници да дадат придонес во донесувањето на законот за спречување и заштита од дискриминација, апелира Шахпаска
Министерката за труд и социјална политика очекува сите пратенички групи да дадат придонес и во предвидениот рок да биде донесен законот за спречување и заштита од дискриминација, кој во моментов е во второ читање во Собранието.
-Законот за спречување и заштита од дискриминација влегува во завршна фаза од собраниската постапка. Со пратениците во Собранието на Република Македонија денеска, на амандманска расправа во Комисијата за европски прашања, ги разгледуваме клучните аспекти од Предлог-законот кој беше позитивно оценет од Венецијанската комисија, од ГРЕКО, но и од невладиниот сектор во земјава, напиша Шахпаска на својот фејсбук-профил.
Законското решение, додава таа, гарантира избор на професионална, објективна и независна Комисија за спречување и заштита од дискриминација, која на нашите граѓани им е неопходна.
-Верувам дека сите пратенички групи ќе дадат свој придонес овој Предлог-закон да биде усвоен во предвидениот рок, а Комисијата за спречување и заштита од дискриминација да биде избрана во транспарентна и независна постапка, напиша министерката Шахпаска.
Ново на Сител
-
Аеродромот во Истанбул е најпрометен во Европа
-
Трамп потпиша указ за развој на вештачка интелигенција „без идеолошка пристрасност“
-
Најстудено утрово во Битола -4, во Скопје два степена и магла
-
Одбележување на Св. Сава – Националниот празник на српската заедница во Македонија
-
Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на патот Катланово – Градманци во Општина Петровец
-
Без струја Мирковци и дел од Аеродром
-
Трамп вели дека е подготвен да се сретне со Путин „веднаш“ за да се стави крај на војната во Украина
-
Во Србија денеска генерален штрајк на кој повикаа студентите