Сите пратеници да дадат придонес во донесувањето на законот за спречување и заштита од дискриминација, апелира Шахпаска
Министерката за труд и социјална политика очекува сите пратенички групи да дадат придонес и во предвидениот рок да биде донесен законот за спречување и заштита од дискриминација, кој во моментов е во второ читање во Собранието.
-Законот за спречување и заштита од дискриминација влегува во завршна фаза од собраниската постапка. Со пратениците во Собранието на Република Македонија денеска, на амандманска расправа во Комисијата за европски прашања, ги разгледуваме клучните аспекти од Предлог-законот кој беше позитивно оценет од Венецијанската комисија, од ГРЕКО, но и од невладиниот сектор во земјава, напиша Шахпаска на својот фејсбук-профил.
Законското решение, додава таа, гарантира избор на професионална, објективна и независна Комисија за спречување и заштита од дискриминација, која на нашите граѓани им е неопходна.
-Верувам дека сите пратенички групи ќе дадат свој придонес овој Предлог-закон да биде усвоен во предвидениот рок, а Комисијата за спречување и заштита од дискриминација да биде избрана во транспарентна и независна постапка, напиша министерката Шахпаска.
Ново на Сител
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели