„Сите имаме повредени или загинати роднини и пријатели, револтирани сме од овој гнил систем“, истакнаа организаторите на протестниот марш во Кочани
Во „Паркот на револуцијата“ во Кочани денеска во 15 часот и 59 минути се одржа закажаниот протестен собир под мотото „Ваш профит – наши животи“.
Присутните граѓани, меѓу кои имаше роднини и пријатели на починатите во трагичниот пожар, како и на лицата од обезбедувањето во дискотеката „Пулс“, наместо планираниот марш, останаа на собирното место и им оддадоа почит на сите кои настрадаа. Наместо говор, ипратија писмено известување до јавноста.
-И во овие болни мигови, некој успеа да го подели народот. Јавно демантираме дека закажаниот протестен марш со мото „Ваш профит - наши животи“ е марш само за обезбедувањето! Сите ние имаме повредени или загинати роднини и пријатели! Сите мирни собири до сега беа за правда за прерано изгубените животи, за подршка на семејствата на повредените деца и за неправедно приведените членови за обезбедувањето. Револтирани сме сите од овој гнил систем! Стоп за селективна правда, се наведува во писменото известување.
Организаторите на собирот нагласија дека дополнително, преку социјалните мрежи и со известување до медиумите, ќе информираат дали протестните маршеви ќе продолжат и во нареднте денови.
Ново на Сител
-
Со хеликоптери се гаси пожарот кај Блаце
-
Модерен систем за управување со администрацијата
-
Алиу: За прв пат по 10 години ажурирана позитивната листа
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени