Фудбал
1. September 2016 - 10:40

Сисоко се одлучи за Лондон

Францускиот репрезентативец Муса Сисоко од Њукасл за сума од 35 милиони евра се пресели во Тотенхем.
 
Трансфеорт на Сисоко учесникот во Лигата на шампионите го реализира во последните минути од преодниот рок.
 
Борбата за потписот на овој играч ја водеа Евертон и Тотенхем, најпрвин менаџерот на Сисоко ја прифатил понудата на Евертон, но откако Тотенхем ја понудил истата сума на пари, францускиот фудбалер решил да се пресели во Лондон.
 
Евертон нема по добро да го памети последниот ден од летниот преоден рок бидејќи менаџерот Куман не успеа да потпише со ниту еден од планираните играчи, покрај трансферот на Сисоко му пропаднаа и трансферите на Јасим Браими и Маноло Габијандини.