Балкан
30. December 2015 - 10:16

Сирискиот амбасадор во ОН со обвинувања до Турција дека ја поддржуваат ИД

Сирискиот амбасадор во ОН Башар ал Џафари ја обвини Турција дека ја поддржува Исламска држава и сака да ја оживее Отоманската империја.

- Турција поддржува терористички групи и помага во нивната инвазија во Сирија, наведува Џафари во писмо до генералниот секретар на ОН и Советот за безбедност на ОН.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган има за цел да ја „оживее Османската империја“ додава тој и повикува ОН  да ги запрат „злоупотребата и злосторствата “ на Анкара.

– Турското мешање во внатрешните прашања на Сирија има разни облици за време на кризата вклучително директно ангажирање на режимот на Ердоган и турските оружени сили во воени офанзиви за поддршка на терористите, наведува сирискиот амбасадор.