Свет
19. November 2017 - 22:07

Сириската војска повторно го презема Абу Камал, последното упориште на ИД во Сирија

Сириските владини сили заедно со нивните сојузници повторно воспоставија контрола над градот Абу Камал, последното упориште на екстремистичката организација Исламска држава во Сирија, јавија сириските медиуми. 

Кон почетокот на месецов, сириската војска прогласи победа над ИД во Абу Камал, но џихадистите потоа извришија контра напад, со што ја преземаа контролата над градот. 

Сега во Сирија, ИД има контрола само над неколку села кои се наоѓаат долж реката Еуфрат.