Сириската Влада ракетирала упориште на бунтовниците, убиени четири лица
Најмалку четири лица загинаа, а неколкумина се повредени кога сириските владини сили синоќа ракетирале локација под контрола на бунтовниците во близина на границата со Турција, соопштија опозициски активисти. Сириските владини сили го ракетирале градот Сармад во време на зголемени тензии во последното упориште на бунтовниците во северозападна Сирија, каде прекинот на огнот договорен во март 2020 година постојано се крши во последните недели
Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, соопшти дека меѓу загинатите има тројца локални полицајци чија станица била погодена, а 17 лица се повредени. Исто така, опозициската група Сириска цивилна одбрана, позната како Бели шлемови, соопшти дека ракетниот напад бил насочен кон Сармад и на патот што го поврзува со граничниот премин Баб Ал-Хава, кон Турција. Групата, исто така, наведе дека четири лица загинале, но дека се повредени 23 луѓе. Примирјето постигнато меѓу Турција, која ги поддржува сириските опозициски сили и Русија, главниот сојузник на сирискиот претседател Башар Асад, стави крај на офанзивата на владините сили во северозападниот дел на земјата во март минатата година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден