-->
-->
Сирија ја обвини Европа за напливот од бегалци
-->
Сирискиот министер за информации Омран аз Зуби денеска изјави дека Европа ја носи целосната одговорност за огромниот наплив од сириски бегалци кои се упатија кон Стариот континент, пренесоа американските медиуми.
Аз Зуби од Дамаск искоменира дека најмногу бегалци има од регионите што се под контрола на противниците на претседателот Башар ал-Асад, вклучувајќи ја Исламска држава.
Според сирискиот министер, кој е цитиран од државните медиуми, европските земји „кои испраќаат терористи во Сирија и на сирискиот народ му наметнаа економски санкции, треба да ја преземат одговорноста за својата антисириска политика“.
Аз Зуби, исто така, изјави дека секој Сириец во странство може да се врати во својата татковина кога и ќе посака.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ