Џет-Сет
15. October 2015 - 11:17

Синот на Роналдо прашува: Бабо има ли Меси повеќе награди од тато?

Фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо пред неколку дена ја освои наградата „Златна копачка“ за најдобар стрелец во европските национални првенства.

Роналдо минатата година постигна 48 голови на 35 натпревари во Примера. На доделувањето на наградите присуствуваше неговата мајка Долорес, како и синот Кристијано јуниор.

Малиот Кристијано беше во друштво на бабата и во еден момент ја праша:

-Бабо, Меси има четири или пет награди?

-Не сакам да зборувам за Меси, го искара мајката на Ронадло.

Меѓутоа малиот Кристијано продолжи да прашува:

-Има ли Меси 4 награди?

-Твојот татко има три Златни топки и четири Златни копачки, му одговори бабата на петгодишниот Кристијано јуниор.

-Ок, одговори малиот Кристијано.

Меси во кариерата освои четири Златни топки и три Златни копачки. Роналдо има три златни топки и четири Златни копачки.

Меси и Роналдо се главни кандидати за освојување на Златната топка, која се доделува во јануари идната година.