Бизнис
13. February 2020 - 20:01

Синдикатите со барање до владата за подобри услови за работниците во администрацијата

Да се стопира прдлогот за  трансферот на работници  од јавен во приватен сектор, бараат  синдикатите. Предлагаат парите кој планираат да му ги дадат на бизнисот за спроведување на мерката,  да се инкасираат во ПИОМ  и да се донесе закон за предвремено пензионирање на сите што имаат 60 години и полн стаж. Сметаат дека  со ваквата мерка се прави уцена на вработените во администрацијата.

Бараат во идина синдикатите да бидат вклучени во контролите на инспекторите со образложение дека дел од нив под политички притисок носат решенија.

Сметаат дека  треба да се  воведе к 15 за сите административци, бараат  почитување на  колективните договри и да се донесе нов закон за работни односи.  Посочија дека заедно со престваници на Светската конфедерација на синдикати ќе изготват тужба за пред меѓународната организација на трудот за сериозно нарушување на  слободата на синдикалното функционирање.