Бизнис
23. јуни 2022 - 16:35

Синдикалците протестираа пред Владата - „работникот дојде по своето“

„Работникот дојде по ветеното“. Ова е пораката што денеска Сојузот на синдикати на Македонија ја прати до министрите во Владата. На вториот ден од генералниот штрајк во јавниот сектор пред Владата поставија 21 столче според бројот на министри, од кои побараа да го исполнат ветеното-покачување на платите на сите вработени во јавниот сектор за 2.806 денари, колку што порасна минималецот.

Откако вчера дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се појавија на штрајкот за да изразат поддршка, денеска истото го сторија и пратеници од Алијанса за албанците.

Опозицијата обвинува дека власта не го почитува законот.

Од Владата очекувале дека штрајкот ќе биде ставен во мирување бидејќи течат роковите за мирно решавање на работни спорови но, го почитуваат правото на штрајк. Сепак, Владата смета дека не треба да се донесе ад хок, туку системско решение за раст на платите но, во периодот на помирување очекуваат дека ќе се определи и конкретна методологија за вреднување на продуктивноста на работниците.

Штрајкот продолжува, а утре претставници на ССМ ќе бидат пред Министерството за финансии.