Синди Крафорд открива: Никогаш не можев да јадам што сакам
Една од најубавите манекенки во светот, Синди Крафорд, наскоро ќе го прослави 50-тиот роденден.
Бринетата која во 90-тите години „жареше и палеше“ по модните писти и спотови на поп ѕвездите, по повод јубилејниот роденден одлучи да напише книга и да ги почасти фановите со детали од манекенската кариера.
Книгата во продажба ќе излезе за неколку дена, поточно на 29.09.2015 година, а веќе може да се нарача на Амазон по цена од 29 долари.
Како што известува Вог, Синди во книгата „Becoming“ пишува за сјајниот свет на модата и се осврнува на се што научила благодарение на работата како модел.
Во книгата ги открива и сите темни страни на таа работа, но и некои интересни факти за самата Синди, која, како што рече, не е природно слаба.
- За жал, никогаш не бев од оние девојки кои можеле да јадат што сакаат и никогаш да не се здебелат. Секако, штом самата себе си реков дека не смеам да јадам шеќер, леб и друго, се на што мислев беа леб и други работи. На крајот се договорив самата со себе дека 80 отсто од времето внимавам што јадам. За мене тоа пали, пишува Синди.
Синди, 50-тиот роденде ќе го прослави на 20 февруари 2016 година.
Ново на Сител
-
Прилепчанец приведен за тешка кражба
-
Тешко повредени мајка и нејзините две деца откако нејзиниот вонбрачен партнер ги исфрлил од возило
-
Загина 27-годишен мотоциклист по сообраќајка на патот Охрид - Св. Наум
-
Зеленски ќе патува во Саудиска Арабија додека европските лидери одржуваат состанок за одбраната
-
Уапсен малолетник во Аеродром, се шетал со боксирач
-
Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“
-
Калас: Русија не е заинтересирана за мир
-
Маж со палестинско знаме се качи на Вестминстерската палата