Симулациска вежба за лигавка и шап
Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Европска комисија за контрола на болеста лигавка и шап (ЕуФМД) од денеска до 6 декември во Струмица ќе се одржи Симулациска вежба за лигавка и шап.
Болеста лигавка и шап е високоинфективна везикуларна болест на преживните животни и свињите. Поради нејзината способност брзо да се шири и сериозниот ефект кој го предизвикува во сточарството, тоа е болест со значително економско значење и влијание.
Ефикасната контрола и искоренување на болеста при нејзина појава е од клучно значење за да се обезбеди и спречи нејзиното понатамошното ширење и влијанието на економските загуби, наведуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Ова зависи од подготвеноста за нашата институција во спроведувањето на брз и ефикасен одговор, за превенирање, сузбивање и искоренување на болеста лигавка и шап.
Симулациската вежба е алатка за подобрување на подготвеноста на АХВ и составен дел од планирањето за постапување во итни, кризни и вонредни состојби во однос на здравјето и благосостојбата на животните. Со симулациската вежба се овозможува развој, проценка и тестирање на функционалните способности на системот за постапување во итни состојби и механизмот за брз одговор во случај на појава на болеста.
Учесници на вежбата ќе бидат претставници од Секторот за инспекциски надзор, официјални ветеринари, претставници од секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните, претставници од национална лабораторија при ФВМ, претставници од македонската ветеринарна комора и ветеринарните друштва.
Ново на Сител
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари
-
Во тетовско приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект