Симулација на инцидент изведе Вториот пешадиски баталјон на Армијата
Воен конвој кој треба да достави помош од храна и лекови во едно село, беше пресретнат од поголема група мигранти кои го блокираа патот на армиските возила. Способноста на војниците, кои на мирен начин успеаја да ја отстранат пречката, беше видлива, а помошта за населението пристигна навреме.
Оваа симулација на инцидент денеска ја изведе вториот пешадиски баталјон на Армијата на Република Северна Македонија кој е и декларирана единица, во рамки на воената вежба “Одлучен удар 21”.
Боево гаѓање на стрелиштето Џидимирци на Армискиот полигон Криволак, имаа и американските војници, кои со борбени возила гаѓаа мети на поголема далечина.
Командантот на баталјонот, потполковник Стојанче Костов нагласи дека оваа вежба е најголема до сега откако сме членка на НАТО.
– Лесниот пешадиски баталјон е примарна единица и најголем НАТО капацитет кој учествува на оваа вежба. Вежбата се базира на фиктивно сценарио кое има цел да демонстрира подготвеност на НАТО силите за колективна одбрана која подоцна ќе премине во против напад, појасни Костов.
Потполковник Тони Јаневски појасни дека вежбата има цел да ја покаже интероперабилноста и нашата подготвеност со НАТО партнерите да изведуваме заеднички активности во мировни операции и други вежбовни активности.
На вежбата која почна на 17-ти овој месец, а ќе заврши на 2 јуни, учествуваат повеќе од 1500 војници од Армиите на Северна Македонија, САД, Бугарија и Грција.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци