Македонија
29. September 2021 - 20:41

Симовски: ДЗС нема побарано продолжување на пописот

Државниот завод за статистика досега нема побарано продолжување на Пописот 2021. Согласно сегашните процеси, очекуваме и уверени сме дека ќе завршиме во законскиот рок, изјави вечерва за МИА директорот на ДЗС Апостол Симовски.

Симовски, појасни дека ако требало ќе побарале продолжување пред пет дена, а не на последниот ден.

– Нас ни е битно да бидат опфатени сите објекти за домување. Ние имаме своја технологија по која го следиме процесот и ќе знаеме дали и кога точно ќе го завршиме процесот. Согласно сегашните процеси, очекуваме и уверени сме дека ќе завршиме во законскиот рок, изјави Симовски за МИА.

Согласно Законот за попис, утре е последниот 26-ти ден од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2021 година, кој започна на 5 септември.