-->
-->
Симов: Титулата му ја посветуваме на Љубисав Иванов-Ѕинго
-->
ФК Силекс по 24 години повторно освои трофеј во купот а тренерот на екипата Горан Симов емотивно титулата му ја посвети на творецот на овој клуб и долгогодишен претседател Љубисав Иванов Ѕинго кој почина минатата година:
– Ова е божја волја. Иако ништо не е случајно затоа што овие момци се херои. Минатата сезона стигнаа до Лигата на шампионите, а сега по толку години повторно носат трофеј за Кратово. На сите само ни е жал што Љубисав Иванов Ѕинго не е тука со нас да се израдува на овој пехар. Силекс е мој втор дом. Освоив пехар со него како играч, а сега остварувам уште еден сон. Но, трофејот во купот веднаш го забораваме, затоа што ни следи меч за опстанок во Првата лига. Силекс не смее да си дозволи да испадне од прволигашкото друштво. Имаме тешка сезона зад нас во која одиме од очајот до сјајот – изјави Симов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение
-
Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство
-
Претседателката Сиљановска Давкова формираше Совет за млади
-
Две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места, најави Мицкоски
-
На италијанскиот бизнисмен Бечети исплатени 110 милиони евра, најголема отштета што Албанија платила досега
-
Полицијата расчисти два напада со нож во Скопје во кои беа повредени двајца малолетници
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут