Симеоне потпиша нов договор со Атлетико Мадрид
Аргентинскиот фудбалски стратег Диего Симеоне (53) го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до 2027 година, објави синоќа шпанскиот клуб.
- Диего Пабло Симеоне ќе остане тренер на нашиот клуб до 30 јуни 2027 година. Аргентинскиот тренер потпиша нов договор, со што продолжува континуитетот на проектот кој започна со неговото доаѓање на клупата на црвено – белите во октомври 2011 година, се наведува во клупското соопштение.
Популарниот „Ел Чоло“ досега го предводеше Атлетико на рекордни 642 натпревари и со мадридскиот клуб освои осум трофеи, вклучувајќи две шпански титули (2014, 2021). Во Лигата на шампиони два пати го одведе клубот до финалето, но и во двата наврати остана без трофејот.
Атлетико не ја прецизираше вредноста на новиот договор, но шпанските медиуми објавија дека Симеоне се согласил на намалување на плата која сега изнесува околу 16.5 милиони евра годишно.
Ново на Сител
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија
-
Полицијата во контроли на угостителски објекти ноќеска во Битола затекнала 20 малолетници, следуваат пријави
-
Десетици мртви во руски напад на Суми, Зеленски бара светот да ја казни Русија
-
Русија тврди дека соборила 13 украински дронови
-
Велика Британија ја презеде контролата врз фабриката за челик „Бритиш Стил“
-
Обвинителството и МВР ќе информираат за проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“