Спорт плус
2. September 2023 - 11:10

Силвио Мировски со сребрен медал на ЕП во кик бокс во Истанбул

Денеска беше финалето помеѓу Силвио Мировски и грчкиот натпреварувач Ефстахиадис Христос каде победи истиот. Силвио Мировски останува со сребрен медал.

Претседателот на Кик Бокс Маи Таи Федерацијата Дејан Митровски Урко во изјава за Сител Телевизија вели дека и во полуфиналето и во финалето Силвио се бореше против два светски првака. 

- Во финалето Силвио изгуби поради искуство и чудниот стил на грчкиот натпреварувач, имаше многу лажни трзнувања за удари а не пласира удари Силвио поради помало искуство и несправувајќи се со тие ситуации не успеа да поентира со него во финалната борба.

Митровски додаде дека е задоволен од конечниот резултат на нашата репрезентација - два сребрени и еден бронзен медал. Целиот тим е добар и без повреди се враќа дома да ги среди впечатоците и искуството од оваа натпреварувачка недела.