Силувана, претепана, задавена: Брутално убиена позната новинарка во Бугарија
Бугарската новинарка Викторија Маринова беше брутално убиена во саботата, околу пладне, во градот Русе, во северниот дел на земјата.
Според извештаите на локалните медиуми, нејзиното тело е пронајдено во близина на реката Дунав на тешко достапен терен. Жртвата била наводно силувана, претепана и потоа задавена.
Таа била претепана со такво насилство што лицето и било непрепознатливо и не била идентификувана сѐ до минатата ноќ.
Регионалниот обвинител на Русе, Георгиј Георгиев, изјави за новинарите дека смртта е предизвикана од удари по главата и задушување. “Недостигаа мобилен телефон, клучеви за автомобили, очила и дел од нејзината облека”, рече Георгиев, додавајќи дека нема информации што укажуваат дека кривичното дело го сториле повеќе од едно лице.
Викторија Маринова беше административен директор на телевизијата во Русе. Таа неодамна започна со своја емисија наречена “Детектор”, за последен пат емитувана на 30 септември. Во таа прилика, таа имаше интервју со бугарскиот новинар Димитар Стојанов од веб-страницата Бивол и романскиот новинар Атила Биро, член на проектот РИСЕ за истражувачко новинарство во Романија.
Стојанов и Биро беа уапсени минатиот месец од страна на бугарската полиција во близина на Софија поради тоа истражувале уништување на документи кои, се чини, откриваат корумпирани практики од страна на приватна компанија за изградба на патишта, осомничена за извршување измами со европски фондови.
Европските и меѓународните федерации на новинари (ЕФЈ-ИФЈ) реагираа и рекоа дека се длабоко шокирани од бруталното убиство на Викторија Маринова, 30-годишна бугарска новинарка која работи за регионален ТВ-канал ТВН.
Таа е четврта новинарка убиена во ЕУ од 2017 година по Ким Вол во Данска, Дафне Каруана Галиција во Малта и Јан Куцијак во Словачка. Настан за почит на Маринова ќе се одржи во Софија, во понеделник вечер.
ЕФЈ и ИФЈ, заедно со нивните бугарски филијали УБЈ и Подкрепа, денеска ги повикаа бугарските власти да ги идентификуваат, упсат и да ги изведат пред правдата одговорните за ова ужасно убиство.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп