Македонија
23. July 2023 - 18:19

Силно невреме попладнево во Кратово, Виница, Кочани и Пробиштип | ВИДЕО

Силно невреме попладнево ги зафати Кратово, Виница, Кочани и Пробиштип. 

Истото беше проследено со силен ветер, врнежи од дожд и силен град со големина на лешник.

Засега во Скопје, времето е сончево. Но и во главниот град е најавено дека има услови за невреме.

„ Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денес во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град“, известија од УХМР.